Хотел Молика е најрепрезентативниот хотел со кој располага Друштвото за угостителство рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.

 

Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.

Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Капацитети

Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.

Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.

Располага со 57 соби од кои :

  • три апартмани
  • три трокреветни соби
  • останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.

Покрај тоа во склоп на хотелот работи и :

  • ресторанска сала со капацитет од 170 седишта
  • две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници
  • банкет сала со 15 – 20 седишта, како и
  • летна тераса со 80 седишта