Ски центарот ,, Копанки “ за гостите и посетителите кои ги очекува располага со две постројки кои се комплетно реновирани и ставени во функција и тоа:
Жичарница и ски стаза “ Бегова Чешма – Копанки“
- Должина на комплетната постројка 680 метри
- Почетна станица на надморска висина 1400 метри
- Крајна станица на надморска висина 1610 метри
- Број на корпи со две седишта 68
- Капацитет за превоз на патници 500 на час
- Просечен нагиб 36 %
Ски – Лифт и ски стаза ,, Копанки “
- Должина на комплетната постројка 580 метри
- Почетна станица на надморска висина 1610 метри
- Крајна станица на надморска висина 1800 метри
- Број на сидра за влечење 45
- Капацитет за превоз на скијачи 700 на час
- Просечен нагиб 38 %
ЦЕНОВНИК НА СКИ БИЛЕТИТЕ ЗА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ КОПАНКИ И ПОПОВА ШАПКА –
– СЕЗОНА 2017/2018
Бр. |
Ски центар “КОПАНКИ” |
ЦЕНА |
1 |
ТРИДНЕВЕН ПАКЕТ АРАНЖМАН (Полн Пансион и Ски билет) |
5.500 ден |
2 |
ДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ |
300 ден |
3 |
ТРИДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ |
600 ден |
4 |
ДЕТСКИ СКИ БИЛЕТ |
200 ден |
5 |
ТРИДНЕВЕН ДЕТСКИ СКИ БИЛЕТ |
450 ден |
6 |
СЕЗОНСКИ СКИ БИЛЕТ |
4.000 ден |
7 |
ДЕТСКИ СЕЗОНСКИ СКИ БИЛЕТ |
3.000 ден |
8 |
БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ – ЖИЧАРНИЦА (Молика-Копанки) |
100 ден |
9 |
СЕЗОНСКИ СКИ БИЛЕТ за Попова Шапка и Копанки |
10.500 ден |
|
Бр. |
Ски центар “ПОПОВА ШАПКА” |
ЦЕНА |
1 |
ДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ (Јануари 2018) ДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ (Февруари 2018) |
800 ден 700 ден |
2 |
ПОЛУДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ |
600 ден |
3 | ТРИДНЕВЕН* СКИ БИЛЕТ | 1.800 ден |
4 |
СЕДУМДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ |
5.000 ден |
5 |
СКИ БИЛЕТ ЗА НОЌНО СКИЈАЊЕ |
500 ден |
6 |
ДЕТСКИ СКИ БИЛЕТ |
400 ден |
7 |
СЕДУМДНЕВЕН ДЕТСКИ СКИ БИЛЕТ |
2.100 ден |
8 |
СЕЗОНСКИ СКИ БИЛЕТ (Купен до 25.12.2017 / после 26.12.2017) |
9.000 ден / 10.000 ден |
9 |
ДЕТСКИ СЕЗОНСКИ БИЛЕТ |
6.000 ден |
10 |
БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ (Церипашина) |
200 ден |
* Тридневниот ски билет важи само за гостите кои користат минимум три пансиони во хотелите на ЕЛЕМ ТУРС на Попова Шапка.
Напомена:
- Полудневниот билет важи од 12:00 часот
- Детскиот билет е за деца до 12 години
- Работно време на ски центрите: од 09:00-15:00 часот, викенд: 09:00– 16:00 часот
- Ноќното скијање ќе се одвива во терминот од 19:00 – 22:00 часот
Историјат на ски центар Копанки
Ски центарот ,, Копанки “ е свечено пуштен во употреба на 04 . 11 1975 година по повод денот на ослободувањето на градот Битола , со пуштање во употреба на жичарницата од потегот на месноста ,, Бегова Чешма ,, до локалитетот ,, Копанки,, .
Комплетната изградба на жичарницата во тој период е како резултат на волјата и желбата на граѓаните од Битола , кој преку референдум за месен саподопринос на општината Битола со средства на граѓаните на општина Битола беше реализиран комплетниот проект и поставена комплетната конструкција од производителот ,, Помагалски ,, – Гренобл – Франција.
Во истиот период беше поставен и детскиот Ски – Лифт ,, Пионир кој се наоѓа во потегот од локалитетот 7 Кладенци – до патот и почетокот на жичарницата на локалитетот ,, Бегова Чешма,,.
Транспортот на двете постројки беше извршен со помош и во организација на транспортното претпријатие ,, Транскоп ,, Битола – меѓународен транспорт и шпедиција, додека сите неопходни царински формалности , подготвувањето на целокупната документација за увоз на постројките беше организиран од страна на членовите и претседателот на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола.
Свечената употреба на двете постројки на 04.11.1975 година , во присуство на голем број гости, и претставници на општината и републиката , го пушти г-дин Љупчо Спирковски член на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола и репрезентаитивец во скијање на Република Македонија.
Веќе во 1985 со помош на големиот број ентузијасти , планинари , граѓани од Битола и со помош на жителите од потпелистерските села се оспособи стазата над локалитетот Копанки до месноста викана Извидница на надморска висина од 1600 – 1800 метри . Во организацијата при набавката и обезбедувањето на средствата за оваа стаза се погрижи ,, Самоуправната Интересна Заедница ( СИЗ ) за Детска Заштита при општина Битола , со набавка на комплетна конструкција и постројка на Ски Лифтот на тој потег. Оваа инвестиција под погровителство на СИЗ-от за Детска Заштита беше набавена од словенскиот производител на ваква опрема ,, Лесна ,, од Словен Градец Република Словенија.
- Од 1982 година до 1986 година со Ски Центарот стопанисува Рекреативниот Центар – Пелистер – Нижеполе.
- Од 1986 – 2001 година со Ски Центарот Копанки стопанисува ,, Детското Одморалиште – Пелистер, под покровителство на Министерството за Труд и Социјала на Република Македонија.
- Од 2001 година – 2002 година со Ски Центарот Копанки стопанисува Јавното претпријатие ,, Стрежево,, – Битола.
- Од 2002 година до 2005 година со Ски Центарот Копанки стопанисува Приватното Претпријатие ,, Барни ,, од Битола како концесионер на планинарскиот дом Копанки и ски стазата.
- Од 2005 година до 2007 година со Ски Ценатарот Копанки стопанисува приватната фирма ,, Грандинг ,, – Скопје.
Периодот од 2006 година до Декември 2011 година е најтешкиот период за Ски Центарот Копанки и за граѓаните и вљубениците на Пелистер, кога Ски Центарот Копанки воопшто не е ставен во функција. Но веќе во почетокот на 2011 година се почуствува потребата некој да застане зад подготовките кои во текот на летото 2010 и 2011 година во голема мера се остварија со поддршка на АД ЕЛЕМ Скопје и нејзините подружници.