Спојот на дрво и мермер овозможува преку престојот во хотелот, секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.
Хотелот располага со 54 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни) и 3 апартмани, складно разместени на 4 нивоа со поглед на хоризонтот на источната страна и со поглед на планината на југозападната страна каде што во текот на целиот ден се осветлени со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.
Сите хотелски соби се опремени со телефон, ТВ со сателитска програма, мини бар, тоалет и централно греење. Поголемиот дел хотелски соби располагаат со удобни тераси (балкони) каде што престојот претставува вистински предизвик за доловување на прекрасниот поглед. Капацитетот на хотелот од 112 легла разместени во еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби е збогатен со 30 помошни легла и троседи, што комфорот на собата го доближуваат кон домашниот амбиент.
Репрезентативните простории – апартмани се наоѓаат на второто и четвртото ниво од објектот, со поглед кон автохтоната моликова шума. Пристапот до хотелските соби е овозможен со современ лифт и хотелски скали кружно поврзани на секое ниво на објектот.