You are currently viewing Ресторан во Хотел “Молика

Ресторан во Хотел “Молика

Хотел “Молика” располага со ресторан со летна бавча со капацитет до 200 ресторански седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 160 седишта а терасата од 40 седишта).

Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што технички и кадровски е подготвена да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети од националната и интернационалната кујна.

restoran-hotel-molika 2

restoran-hotel-molika 3
Хотелот во своето работење се прилагодува и доследно ја спроведува маркетинг концепцијата испитувајќи го туристичкиот пазар во земјата и пошироко, пазарот во соседните Балкански земји, доближувајќи ги своите услуги посебно ресторанските до светските стандарди и норми кои денес ги очекува современиот турист.
Банкет салата се наоѓа на приземјето на Хотел “Молика”. Се карактеризира со специфичен ентериер од масовно дрво и длабок рез. Со капацитет од 16 седишта, банкет салата е идеално место за приватни свечени ручеци.