На ски-патеката “Копанки“ над планинарскиот дом “Копанки“ се одржа државното првенство во скијање во дисциплината велесламом.
На ова натпреварување покрај основците и средношколците од Битола на стартот се појавија и скијачи од други градови од Македонија каде има ски – клубови и каде се одржуваат ски-натпревари.
Државното првенство во велеслалом на Пелистер беше во организација на Скијачкиот клуб „Пелистер“ и Сојузот за училишен спорт од Битола. За успешна организација на ова натпреварување се погрижи и “ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Подружница „Молика“, а во самата организација беа вклучени и вработените од хотелот “Молика“ на Пелистер.
На ски-патеката “Копанки“ се појавија околу 200 натпреварувачи.
-На наша радост тука се појавија повеќе од двесте млади скијачи, кои заедно со своите професори го направија овој убав ден на Пелистер, уште поубав. Низ младите скијачи кои, сами гледате, со нетпрение го очекуваат стартот има голем број на добри скијачи, па со право очекуваме да има голема борба за првите места, односно фото-финиш, велат од Сојузот на училишен спорт.
За професионално мерење на времето по кое скијачите ќе ја извозат патеката составена од 19 врати (капии) се погрижија управата на Скијачкиот клуб „Пелистер“.
За победниците по категории организаторот обезбеди медали и дипломи.
{oziogallery 457}