You are currently viewing Локација на Хотел Молика

Локација на Хотел Молика

Хотел “Молика” се наоѓа во југозападниот дел од Република Македонија. Лоциран е во просторот на Националниот Парк “Пелистер” на локалитетот “Бегова Чешма” на надморска височина од 1420 метри, сместен во раскошот на прекрасна моликова шума.

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Врската на хотелот претставува современ асфалтен пат во должина од 15 км до градот Битола и меѓународниот пат помеѓу Битола и Охрид, додека растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 км, а 180 км до аеродромот во Скопје што од друга страна е незначителна оддалеченост за вљубениците во здравата еколошка средина, чистиот воздух, мирот и тишината далеку од урбаните средини. Предноста на Хотелот”Молика” е и во тоа што се наоѓа недалеку од градот Битола што претставува стопански, административен и образовен центар во југозападниот дел на Република Македонија, надалеку прочуен по својата историска и културна традиција, богат со многубројни културно историски споменици кои го отсликуваат времето во минатото, како и ретката градска архитектура препознатлива на овие балкански простори.