You are currently viewing Конференции и семинари во Хотел Молика

Конференции и семинари во Хотел Молика

Следејќи ги активно сите случувања мора да се истакне дека за хотелот “Молика” не постојат сезони во неговото работење. Напротив во секое годишно време и сезона Националниот Парк “Пелистер” е возбудлив и прекрасен.

Како последица на тоа Хотелот “Молика” е прилагоден кон сите видови на туризам кои во современиот свет земаат се поголем замав.

Покрај здравствениот туризам, конгресниот туризам во голема мера придонесува голем број организации, здруженија, компании, асоцијации и сл. своите собири да ги организираат во Хотелот “Молика” кој за таа намена на своите гости им ги нуди двете простории – салата за состанок и клуб салата, кои се опремени со сите технички помагала за непречено одвивање на секаков вид состаноци, презентации и сл.

Салата за состаноци се наоѓа на четвртото ниво од хотелот и е една од најатрактивните простории во хотелот со капацитет до 50 гости, опремена со кожна галантерија и пријатен амбиент.
Клуб салата е просторија со повеќе намени со капацитет од 60 седишта која се наоѓа во поткровјето на хотелот.