You are currently viewing Државно првенство за скијање – Ски центар Копанки – 16.02.2018

Државно првенство за скијање – Ски центар Копанки – 16.02.2018

На 16.02.2018 година (петок) со почеток во 11 часот во Ски – центарот „Копанки“ на Пелистер ќе се одржи Државно првенство во скијање за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција.

Првенството е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Сојузот на училишен спорт Битола, Скијачката Федерација на Македонија, во техничка организација на Скијачкиот клубот „Пелистер“ и Ски – центарот „Копанки“.

Натпреварите ќе се одржат во ВЕЛЕСЛАЛОМ и право да учествува има секој општински центар со натпреварувачи во секоја категорија. Котизацијата за учество во висина од 100 денари е на товар на натпреварувачите.

Пријавувањето за учество на Велеслаломот за деца е најдоцна до 15.02.2018 година на e-mail: osusbitola@yahoo.com во следниве категории:

I.Одделенска настава (трето, четврто и петто одделение) – машки и женски.

II.Шесто и седмо одделение – машки и женски.

III.Oсмо и деветто одделение – машки и женски.

IV.Прва и втора година средни училишта – машки и женски.

V.Трета и четврта година средни училишта – машки и женски.

ПРАВО НА УЧЕСТВО:

Основни училишта родени 2002 и помлади.
Средни училишта родени 1998 и помлади.
Пријави на лице место нема да се примаат.
Пријавата преба да содржи име и презиме на ученикот, категорија во која се натпреварува, име на училиште и професор водач на учениците.

Сите натпреварувачи ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна капа (кацига).
На натпреварувачите без кацига нема да им се дозволи да се натпреваруваат.

Првопласираните учесници (прво, второ и трето место) добиваат медал и диплома, а професорите дипломи за учество.

Повеќе информации на: 075/414-341и 071 / 222 – 960.