Хотел Молика и уникатите пејзажи на Националниот Парк Пелистер ги овозможуваат едни од најатрактивните и највозбудливите велосипедски доживувања.
Со особено задоволство Ви ги претставуваме велосипедските патеки:
Велосипедска патека „Големо Езеро“
- Должина на патеката – 35 км
- Времетраење на патеката – околу 6 часа
- Тежина на патеката – тешка
- Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 1420 м.
Опис: Патека по земјен пат со можност да се доловат прекрасните видици на Пелистер која е поделена на три периоди од кои најтежок е средниот на искачување. Препорачлива е за искусни учесници.
Кружна велосипедска патека „Бегова чешма – Големо езеро – Ниже поле“
- Должина на патеката – 45 км
- Времетраење на патеката – околу 8 часа
- Тежина на патеката – тешка
- Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 900 м.– 1420 м.
Опис: Комбинирана патека преку која се прави кружен тек низ Националниот парк Пелистер, возејќи на враќање на дел од патеката по асфалтен пат до хотелот Молика. Препорачлива за искусни учесници.
Велосипедска патека „Маловишта“
- Должина на патекат – 35 км
- Времетраење на патеката – околу 4 – 5 часа
- Тежина на патеката – средна
- Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 1150 м. – 1420 м.
Опис: Патека до единственото населено место во рамките на
Националниот парк, селото Маловишта, кое изобилува со фолклорни мотиви, стара македонска архитектура, цркви и манастири со препознатлива историја. Препорачлива за поширок круг на планинарски велосипедисти.
Есктремна велосипедска патека „Копанки
Должина на патеката – 1,9 км
Времетраење на патеката – околу 5 минути
Тежина на патеката – тешка
Амплитуда на надморска висина – 1636 м. – 1320 м.
Опис: Патека со стрмни делови, погодни природни скокови со Велосипед, доста брза и наменета за натпревари од ваков вид на спортски учесници.
Секако дека околината која изобилува со прекрасни пешачки патеки и го опкружува нашиот хотел е исто така погодна за реализација и осмислување на пократки Велосипедски тури кои би можеле да е вклопат во престојот на гостите кои имаат намера да не посетат.