You are currently viewing Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер

Пелистерскиот масив е дел од планината Баба, во југозападна Македонија.

Прогласен за национален парк во 1948 година поради природните реткости кои се среќаваат во него: моликовите шуми – реликт од терциерната флора, гранитните карпи и нивниот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината.

Моликата е петтоигличестиот бор кој расте на само неколку делови од Балканскиот полуостров. На Пелистер се наоѓа и ендемската пелистерска качунка. Убавината на пределот ја збогатуваат и дивите животни: мечка, волк, дивокоза, елен, дива свиња, зајак, неколку видови орли, срна, еребици, црвеноклуната чавка и ендемичната македонска пелагониска пастрмка.

pelister-national-park 4

pelister-national-park 5

Посебна убавина на паркот му даваат планинските езера: Големото (на висина од 2218 м) и Малото езеро (2280 м).

pelister-national-park 7
Високо на небото се издигаат стрмните врвови Пелистер(2601 м), Ветерница (2420м), Муза (2351 м), Ржана (2334 м) и Грива (2198м). Националниот парк се карактеризира со многу природни феномени, со невообичаени структурни белези, специфична геолошка конструкција, несекојдневна планинска вегетација, поволни хидрографски услови, како и со специфични климатски услови кои придонесуваат за комплетирање на ова природно богатство. Паркот се протега на површина од 1500 ha, на надморска висина од 700 до 2601 метри.

pelister-national-park 20

За туристите посебно интересна е туристичко – рекреативната зона чии пространства спаѓаат во 2-та категорија на природни вредности со посебни природни карактеристики и убавини, што може да се користат за одмори и рекреација. Тука спаѓа зоната -“Голема Ливада” и зоната “Нижо Поле”. Најголем украс на паркот се двете езера т.н. Пелистерски очи: Големо езеро и Мало езеро, кои Пелистер го прават уште повеличествен и туристички попривлечен.