You are currently viewing КОЛЕДЕ, БАДНИК и БОЖИК – 03-08 Јануари 2022

КОЛЕДЕ, БАДНИК и БОЖИК – 03-08 Јануари 2022

Почитувани гости ,

Најсвечените мигови за време на Божикните празници во 2022 година поделете ги со своите најблиски и најмили во хотелот Молика на Пелистер , сместен во прегратките на најубавиот зимско планински центар во Македонија – Националниот Парк Пелистер , Битола.

Дозволете, ние да се погрижеме за Вашето празнично расположение во деновите исполнети со радост и благосостојба.

За незаборавен престој за Коледе, Бадник и Божик во новата 2022 година хотелот Молика Ви ги нуди следните аранжмани :

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ

  • Хотелско сместување за 3 полни пансиони – 4.800,оо денари
  • Хотелско сместување за 4 полни пансиони – 6.400,оо денари
  • Понудата на аранжманите се однесува за едно лице и сместување во двокреветни соби
  • За деца од 5 до 12 годишна возраст одобруваме 20% попуст
  • За организираните посети преку туристички агенции одобруваме 8 % агенциска провизија.

КОЛЕДАРСКА ВЕЧЕР Среда – 05.01.2022 година

  • тераса на ресторанот
  • почеток 17.00 часот

Покрај топлата облека, сите гости на Коледарската вечер да понесат пријатно расположение и ведра насмевка која ќе допринесе таа вечер да биде повозбудлива и повесела.
За празничното расположение хотелот Молика ќе подготви:

КОЛЕДАРСКИ ОГАН

  • топла ракија
  • варено вино
  • чај
  • кафе
  • домашна туршија
  • риба и печено лебче
  • домашни благи и солени пецива
  • коледарски јаболка , костени , ореви ….

Песни и ора на чист пелистерски воздухн со музика во живо и изведба на групата ,, Бон Тон “ од Битола

КОЛЕДЕ, БАДНИК и БОЖИК - 03-08 Јануари 2022

БАДНИК – ЧЕТВРТОК – 06.01.2022 година

  • Бадник е предвесник на најголемиот христијански празник – Божик.
  • Хотелот Молика на Бадник, навечер, за своите гости ќе послужи вечера со посна храна. На масите ќе бидат постатавени бадникови гранчиња – најздравото дрво кое ја симболизира среќата и здравјето на сите членови на едно семејство, овошна корпа со костени ореви , јаболка и суво овошје.
  • За време на вечерата на секоја маса ќе биде сервирана посна погача со паричка.
  • Свечената семејната предбожиќна вечера ќе продолжи во пријатна свечена атмосфера. пропратена со музика во живо.

БОЖИК – ПЕТОК – 07.01.2022 година

Првиот ден на Божик хотелот Молика подготвува празничен ручек со храна со мени кое е прилагодено за најголемиот христијански празник.

Гостите од хотелот Молика можат да ги посетат сите храмови во Преспанско Пелагониската епархиија но како најдобра опција за едно вакво чевствување се :

  • Црквата Св.Богородица во село Трново – Пелистер на само 4 км од хотел Молика
  • Црквата Св. Димитрија во центарот на Битола на само 12 км од хотел Молика

Ве очекуваме !

Национален Парк Пелистер, 7000 Битола , Република Македонија tel.:+389 47 229 406,

mob: +389 75 495 725,
e-mail: hmolika@t-home.mk