You are currently viewing ХОТЕЛ МОЛИКА „КОЛЕДЕ“,„БАДНИК“ и „БОЖИК“ 05-08 Јануари 2024

ХОТЕЛ МОЛИКА „КОЛЕДЕ“,„БАДНИК“ и „БОЖИК“ 05-08 Јануари 2024

Почитувани гости,
Најсвечените мигови за време на Божикните празници во 2024 година споделете ги со своите најблиски и најмили во хотелот Молика на Пелистер, сместен во прегратките на најубавиот зимско планински центар во Македонија – Националниот Парк Пелистер, Битола.
Дозволете, ние да се погрижеме за Вашето празнично расположение во деновите исполнети со радост и благосостојба.
За незаборавен престој за Коледе, Бадник и Божик во новата 2024 година хотелот Молика Ви ја нуди следната понуда:

Полупансион 1.830,00 денари


КОЛЕДАРСКА ВЕЧЕР  – Четврток  – 05.01.2024 година

  • тераса на ресторанот
  • почеток 18.30 часот
Покрај топлата  облека, сите гости на Коледарската вечер да понесат пријатно расположение и ведра насмевка која ќе допринесе таа вечер да биде повозбудлива и повесела.
За празничното расположение хотелот Молика ќе подготви:
  • КОЛЕДАРСКИ ОГАН
  • топла ракија
  • варено вино
  • чај
  • кафе
  • домашна туршија
  • риба и печено лебче
  • домашни  благи и солени пецива
  • коледарски јаболка , костени , ореви ….
Песни и македонска музика на отворено!

БАДНИК  – Петок – 06.01.2024 година

Бадник е  предвесник на најголемиот христијански празник – Божик.
Хотелот Молика на Бадник, навечер, за своите гости ќе  послужи  вечера со посна храна. На масите ќе бидат  постатавени  бадникови гранчиња – најздравото дрво кое ја симболизира среќата и здравјето на сите членови на едно семејство, овошна корпа со костени ореви , јаболка и суво овошје.
За време на вечерата на секоја маса ќе биде сервирана посна погача со паричка.
Свечената  семејната предбожиќна вечера  ќе продолжи  во пријатна свечена атмосфера.

БОЖИК  – Сабота  – 07.01.2024  година

Првиот ден на Божик  хотелот Молика подготвува ручек со традиционална храна и мени кое е прилагодено за најголемиот христијански празник.
Гостите од хотелот Молика можат да ги посетат сите храмови во Преспанско Пелагониската епархиија но како најдобра опција за едно вакво чевствување се :
  • Црквата Св.Богородица во село Трново – Пелистер на само 4 км од хотел Молика
  • Црквата Св. Димитрија во центарот на Битола на само 12 км од хотел Молика
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ И  ПОСАКУВАМЕ ПРИЈАТЕН ПРЕСТОЈ!     
Национален парк Пелистер, 7000 Битола, Република Македонија
тел.:+389 (0) 47 229 406, 229 513,  www.hotelmolika.com.mk,
e-mail: hmolika@t-home.mk