Активностите за реализација на Планот и Програмата за успешна скијачка сезона на Ски Центарот Копанки и овие денови продолжуваат со несмален интензитет✅🌲⛷
Ремонтните активности на Ски лифтот Копанки од страна на стручни екипи на ФОД Новаци се во полн ек за санирање на електро-машинската опрема и уредите со отстранување на дефектите, замена на оштетените делови и репарација на истите🚜✅
Механизација на АД ЕСМ РЕК Битола во координација со вработените на хотелот Молика врши рамнење на ски патеката со чистење на теренот од корења и нискостеблести растенија, ископ на одводни канали и косење на високата вегетација покрај сите инфраструктурни објекти на Ски Центарот Копанки💯✅
#ONEMOUNTAIN🏔 #ONELOVE💚