Бегова Чешма, Национален парк Пелистер   + +389 47 229 406   +389 75 495 725       hmolika@t-home.mk
ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СКИ – СЕЗОНАТА ВО СКИ – ЦЕНТАРОТ „КОПАНКИ”

ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СКИ – СЕЗОНАТА ВО СКИ – ЦЕНТАРОТ „КОПАНКИ”

Од утре, официјално, започнува новата скијачка сезона во Ски – центарот „Копанки”. За таа цел, ги покануваме сите љубители на скијањето и снегот, утре, со почеток во 9 часот да ни се придружат и заедно го означиме свечениот почеток на новата скијачка сезона на Пелистер.
Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки, a скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени двете жичарници и ски – лифта во ски – центарот „Копанки”. Работното време на Ски – центарот „Копанки” е од 9 до 15,30 часот.

И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари, a тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика”и тридневен ски – билет е пo цена од 5.500 денари. Новина од оваа година е можноста на користење на услугите на снеготапкач пo цена од 6.500 денари од час.

Be очекуваме заедно да започнеме уште една успешна скијачка сезона!

Close Menu
%d bloggers like this: