Бегова Чешма, Национален парк Пелистер   + +389 47 229 406   +389 75 495 725       hmolika@t-home.mk
Зимски планински туризам на Пелистер

Зимски планински туризам на Пелистер

Фактот што Хотелот ”Молика” е планински објект и зимската туристичка сезона трае во зависност од временските прилики околу 4 месеци,особено внимание се посветува на развојот на зимскиот планински туризам.

Хотелот”Молика” и Ски центарот ,,Копанки“ се наоѓаат во југозападниот дел од Република Македонија, лоцирани во просторот на Националниот Парк “Пелистер” на локалитетот “Бегова Чешма” на надморска височина од 1420-1900 метри, сместени во раскошот на прекрасна моликова шума.

Врската на хотелот и скијачките капацитети претставува современ асфалтен пат во должина од 12 км до градот Битола и меѓународниот пат помеѓу Битола и Охрид, додека растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 км а 170 км до аеродромот во Скопје што од друга страна е незначителна оддалеченост за вљубениците во здравата еколошка средина, чистиот воздух, мирот и тишината далеку од урбаните средини, во текот на целата година, а посебно за вљубениците на белите спортови и скијањето кои можат да уживаат во текот на зимските месеци на терените од Зимскиот Центар Копанки кој е во непосредна близина на хотелот Молика на само 100 метри оддалеченост од хотелот.

skijanje-na-pelister 34

Комплетната инфраструктура на Жичарницата, Ски стазата, и Ски лифтот заедно со Планинарскиот дом Копанки се наоѓаат покрај хотелот на почетна надморска височина од 1420 метри каде што е почетокот на жичарницата, 1610 метри локацијата на планинарскиот дом Копанки и стратот на Ски стазата на надморска висина од 1800 метри. Самата местоположба на сите капацитети нуди прекрасен видик на 1/3 од Република Македонија.

skijanje-na-pelister 30

Непосредната близина на сите капацитети ја прави комплетната туристичка понуда за сите категории на гости и посетители, имајќи можност да престојуваат во најатрактивната туристичко рекреативна зона во Националниот парк Пелистер , и да добијат секакви информации за целокупната инфраструктура во овој дел на Пелистер од страна на Информативниот центар во состав на Јавната Установа Националниот парк Пелистер која се грижи и стопанисува со природните убавини и маркетинг секторот во хотелот Молика.

Состојба на Жичарницата, Ски – Лифтот и ски стазите
Ски центарот ,, Копанки “ со стартот на оваа зимска туристичка сезона за гостите и посетителите кои ги очекува располага со две постројки кои се комплетно реновирани и ставени во функција и тоа:

mapa ski

Жичарница и ски стаза “ Бегова Чешма – Копанки“

  • Должина на комплетната постројка 680 метри
  • Почетна станица на надморска висина 1400 метри
  • Крајна станица на надморска висина 1610 метри
  • Број на корпи со две седишта 68
  • Капацитет за превоз на патници 500 на час
  • Просечен нагиб 36 %

Ски – Лифт и ски стаза ,, Копанки “

  • Должина на комплетната постројка 580 метри
  • Почетна станица на надморска висина 1610 метри
  • Крајна станица на надморска висина 1800 метри
  • Број на сидра за влечење 45
  • Капацитет за превоз на скијачи 700 на час
  • Просечен нагиб 38 %
Close Menu
%d bloggers like this: