gototopgototop

Ресторан

restoran hotel molika       Хотел "Молика" располага со ресторан со летна бавча со капацитет до 200 ресторански седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 160 седишта а терасата од 40 седишта).

      Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што технички и кадровски е подготвена да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети од националната и интернационалната кујна.
      Хотелот во своето работење се прилагодува и доследно ја спроведува маркетинг концепцијата испитувајќи го туристичкиот пазар во земјата и пошироко, пазарот во соседните Балкански земји, доближувајќи ги своите услуги посебно ресторанските до светските стандарди и норми кои денес ги очекува современиот турист.

      Банкет салата се наоѓа на приземјето на Хотел "Молика". Се карактеризира со специфичен ентериер од масовно дрво и длабок рез. Со капацитет од 16 седишта, банкет салата е идеално место за приватни свечени ручеци.

Контакт информации

Хотел Молика

  • Адреса:  Бегова Чешма, Национален парк Пелистер

7000, Битола, Република Македонија

  • Е-пошта: hmolika@t-home.mk
  • Тел:       + 389 (0) 47 229 406
  • Факс:     + 389 (0) 47 229 048


Повеќе...

Посетители

Има 8 гости присутни