gototopgototop

Добродојдовте во Хотел Молика

hotel molika bitola     Хотел "Молика" претставува бисер на Пелистер. Едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот.

     Хотелот работи со "полна пареа" преку цела година и за него не важат "класичните" сезони.

 

Локација

hotel molika map 300      Хотел "Молика" се наоѓа во југозападниот дел од Република Македонија. Лоциран е во просторот на Националниот Парк "Пелистер" на локалитетот "Бегова Чешма" на надморска височина од 1420 метри, сместен во раскошот на прекрасна моликова шума.

Повеќе...

 

Сместувачки капацитет

smestuvanje vo hotel molika     Спојот на дрво и мермер овозможува преку престојот во хотелот, секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.

Повеќе...

 

Ресторан

restoran hotel molika       Хотел "Молика" располага со ресторан со летна бавча со капацитет до 200 ресторански седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 160 седишта а терасата од 40 седишта).

Повеќе...

 

Конференции и семинари

sala hotel molika       Следејќи ги активно сите случувања мора да се истакне дека за хотелот "Молика" не постојат сезони во неговото работење. Напротив во секое годишно време и сезона Националниот Парк "Пелистер" е возбудлив и прекрасен.

Повеќе...

 

Други капацитети

drugi kapaciteti hotel molika      Во приземјето на хотелот сместени се рецепцијата, аперитив барот, дневниот престој, банкет салата и ресторанот. Исто така хотелот располага со клуб за разонода (библиотека, видеотека, шах, карти и сл.) детско катче како и просторија за чување на ски опрема.

 

Повеќе...

 

Пријавување - одјавување

check in      Пријавувањето на гостите се врши на рецепција преку целиот ден, при што треба да се приложат документи за лична идентификација (лична карта или пасош за странски гости).
      Одјавувањето на гостите е до 12 часот.

 

Плаќање

credit cards     Плаќањето на услугите се врши готовински и безготовински. Хотелот работи со сите видови на кредитни картички: Visa, Master Card, American Express, Diners…

 

Контакт информации

Хотел Молика

  • Адреса:  Бегова Чешма, Национален парк Пелистер

7000, Битола, Република Македонија

  • Е-пошта: hmolika@t-home.mk
  • Тел:       + 389 (0) 47 229 406
  • Факс:     + 389 (0) 47 229 048


Повеќе...

Посетители

Има 9 гости присутни