gototopgototop

Зимски планински туризам

skijanjeФактот што Хотелот ''Молика'' е планински објект и зимската туристичка сезона трае во зависност од временските прилики околу 4 месеци,особено внимание се посветува на развојот на зимскиот планински туризам.

     Хотелот"Молика"  и Ски центарот ,,Копанки“ се наоѓаат во југозападниот дел од Република Македонија, лоцирани во просторот на Националниот Парк "Пелистер" на локалитетот "Бегова Чешма" на надморска височина од 1420-1900  метри, сместени во раскошот на прекрасна моликова шума.

mapa ski th

Преземи ја мапата (~500 KB)

 

     Врската на хотелот и скијачките капацитети  претставува современ асфалтен пат во должина од 12 км до градот Битола и меѓународниот пат помеѓу Битола и Охрид, додека растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 км а 170 км до аеродромот во Скопје што од друга страна е незначителна оддалеченост за вљубениците во здравата еколошка средина, чистиот воздух, мирот и тишината далеку од урбаните средини, во текот на целата година, а посебно за вљубениците на белите спортови и скијањето кои можат да уживаат во текот на зимските месеци на терените од Зимскиот Центар Копанки кој е во непосредна близина на хотелот Молика на само 100 метри  оддалеченост од хотелот.

     Комплетната инфраструктура на Жичарницата, Ски стазата, и Ски лифтот заедно со Планинарскиот дом Копанки се наоѓаат покрај хотелот на почетна надморска височина од 1420 метри каде што е почетокот на жичарницата, 1610 метри локацијата на планинарскиот дом Копанки и стратот на Ски стазата на надморска висина од 1800 метри. Самата местоположба на сите капацитети нуди прекрасен видик на 1/3 од Република Македонија.

     Непосредната близина на сите капацитети ја прави комплетната туристичка понуда за сите категории на гости и посетители, имајќи можност да престојуваат во најатрактивната туристичко рекреативна зона во Националниот парк Пелистер , и да добијат секакви информации за  целокупната инфраструктура во овој дел на Пелистер од страна на Информативниот центар во состав на Јавната Установа Националниот парк  Пелистер која се грижи и стопанисува со природните убавини и маркетинг секторот во хотелот Молика.

 

Состојба на Жичарницата, Ски – Лифтот и ски стазите

     Ски центарот ,, Копанки “  со стартот на оваа зимска туристичка сезона за гостите и  посетителите кои ги очекува  располага со две постројки кои се комплетно реновирани и ставени во функција и тоа:

 

Жичарница и ски стаза “ Бегова Чешма – Копанки“

  • Должина на комплетната постројка 680 метри
  • Почетна станица на надморска висина 1400  метри
  • Крајна станица  на надморска висина 1610  метри
  • Број на корпи со две седишта  68  
  • Капацитет за превоз на патници 500  на час
  • Просечен нагиб  36 %

 

Ски – Лифт  и ски стаза ,, Копанки “

  • Должина на комплетната постројка  580  метри
  • Почетна станица на надморска висина 1610 метри
  • Крајна станица на надморска висина 1800 метри
  • Број на сидра за влечење 45                                        
  • Капацитет за превоз на скијачи  700 на час
  • Просечен нагиб  38 %

 



Контакт информации

Хотел Молика

  • Адреса:  Бегова Чешма, Национален парк Пелистер

7000, Битола, Република Македонија

  • Е-пошта: hmolika@t-home.mk
  • Тел:       + 389 (0) 47 229 406
  • Факс:     + 389 (0) 47 229 048


Повеќе...

Посетители

Има 11 гости присутни